Притвор од 30 дена за Томор Морина, поранешен припадник на ОВК

Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој вчера беше уапсен на граничниот премин Блаце, судот му одреди мерка притвор од 30 дена, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.

Морина беше спроведен со предлог од Јавното обвинителство за определување мерка притвор поради ектрадиција по распишана меѓународна потерница на Интерпол – Србија. По негово слослушување во присуство на бранител, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија му определи мерка притвор од 30 дена, информираат од Кривичниот суд.

Во однос на постапката за екстрадиција, оттаму наведуваат дека одлучува надлежното Министерство за правда.

- Реклама -