По серија шпекулации и шпионски фотографии, германската автомобилска компанија Opel официјално објави дека премиерата на Insignia Country Tourer ќе се одржи во рамките на салонот во Франкфурт. Информацијата е подржана и со првите официјални фотографии на моделот.
Новата верзија на предводникот на брендот е опишана како комби со SUV карактер, зголемен клиренс и јасни заштитни елементи на каросеријата. Моделот е базиран на модернизираната верзија на Insignia, чија премиера исто така ќе биде во Франкфурт. За разлика од стандардната Insignia Sports Tourer, модификацијата Insignia Country Tourer се одликува со заштитни панели на дното во предниот и задниот дел на каросеријата, зголемени лакови на тркалата, двојни издувни цевки и заштитна облога на дното на кабината. Клиренсот и е зголемен за 20 милиметри во однос стандардната верзија. Во дизајнот доминираат и други уникатни за моделот елементи, меѓу кои различна маска на ладилникот, помасивни браници со заштитни елементи, специфични светла, затемнети стакла и друго.
Промени има и во системот за двоен пренос, кој според информациите е поставен да обезбедува оптимална тракција и стабилно однесување на патот без оглед на временските услови и стилот на возење. Системот има конектор кој работи на принципот со Haldex спојка, како и со само-заклучувачки диференцијал со електронска контрола eLSD. Технологијата 4х4 кај Opel Insignia Country Tourer е прилагодена за постојана работа во актуелните услови на движење и состојба на патот и соодветно во реално време го распредува вртежниот момент од 0 до 100 проценти меѓу предната и задната оска, како и поединечно помеѓу задните тркала. Тоа станува возможно благодарение на сензорите кои постојано поднесуваат до одделните контролни модули на системот информации за забрзувањето, аголот на отстапување на управувачот, вртежите на тркалата, позицијата на педалата за гас, брзината на коленестото вратило, аголот на автомобилот околу вертикалната оска и вртежниот момент на моторот.
Благодарение на сето ова Opel Insignia Country Tourer може да ве извлече од критична ситуација дури и ако само едно од задните тркала има доволен степен на прилепување, се вели во информацијата. При нормални услови, со цел помала потрошувачка на гориво, системот 4х4 автоматски преминува во преден погон.
Во почетокот ќе бидат достапни три мотори за Insignia Country Tourer – еден бензински и два дизелски. Бензинскиот е 2.0 литарскиот турбо SIDI агрегат со директно вбризгување на горивото, кој развива 250 КЅ и 400 Nm. На врвот во палетата од дизел агрегати е најмоќната, но мошне економична верзја 2.0 BiTurbo CDTI, кој генерира 195 КЅ и 400 Nm. Другото дизел е 2.0 CDTI со 163 КЅ и 350 Nm. Верзиите со мотори 2.0 SIDI Turbo и 2.0 CDTI може да се нарачаат по избор со шестстепен мануелен или со ист врој на брзини автоматски менувач, додека моторот 2.0 BiTurbo CDTI се нуди исклучиво со автоматска трансмисија.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус