Шефот на АвтоВАЗ, Бо Андерсон, за прв пат пред два дена ја покажа илустрацијата на новиот автомобил Lada Vesta, која треба да има свое деби следната година.
Lada Vesta е создадена врз основа на универзалната платформа Lada B развиена од АвтоВАЗ. Vesta ќе одговара на европските стандарди за безбедност, ќе биде со модернизирани Euro 6 мотори, а цената ќе почнуво од 8,000 евра, открива Андерсон. Дизајнот на автомобилот се базира врз основа на концептниот автомобил Lada XRAY. Почетокот на сериското производство за Lada Vesta е планирано за есента следната година.
Освен Lada Vesta, во Казан, Бо Андерсон, ја претстави и лифтбек варијантата на Lada Granta – хечбек со форма на седан. Кулминација на презентацијата беше импресивното ласерско шоу.