Уште една нова верзија на Samsung Galaxy S4 пристигна официјално. Се работи за надградба на хардверот на овој супер смартфон со многу подобар и побрз процесор од најновата серија на Qualcomm Snapdragon 800.
Со тоа и официјално Samsung Galaxy S4 стана првиот смартфон кој работи на овој нов моќен процесор од серијата Qualcomm Snapdragon 800 со четири јадра. За потсетување почетната верзија на Samsung Galaxy S4 работи со Qualcomm Snapdragon 600 вграден процесор, додека европската и азиската варијанта на смартфонoт работи на ефикасниот осум-јадрен Samsung Exynos 5 процесор.
За почеток овој нов модел на Samsung Galaxy S4 кој забележа врвни резултати на сајтовите за мерење на перформансите ќе се продава на домашен терен во Ј. Кореја, додека пак неговото меѓународно промовирање се очекува за наредниот месец.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk