Светскиот бренд за накит Oxette ги претстави највпечатливите парчиња накит за сезоната пролет/лето 2015 година, кои само со најавата на новата колекција преку фотографии на социјалните медиуми предизвика големо внимание кај верните љубители на овој бренд.
Дамите со стил во новата колекција може да пронајдат: впечатливи прстени, ланчиња со привезоци во неочекувани форми, алки и неверојатни нови модели на часовници од кои посебно се издвојува линијата Коко.
Македонските дами од оваа недела имаат можност да го купат своето омилено ново Oxette парче од омилениот бренд за накит.
Продавниците на Oxette во Македонија се наоѓаат во ГТЦ и Сити Мол.