Уште една новина од стартот на годинава во продажните салони на Тојота Автоцентар. По пристигнувањето на втората генерација на компактниот Auris, за само неколку недели понудата на македонскиот импортер за Toyota е збогатена и со новиот RAV 4.
По претставувањето на салонот во Лос Анџелес, во ноември минатата година, на новата генерација на теренецот RAV4 и за кратко време лансирањето на Стариот континент, овој модел, икона во класата, е веќе во продажните салони на Тојота Автоцентар. Се работи за еден од авангардните модели во сегментот, кој имаше со претходните генерации извонреден успех, имено од промоцијата во 1994 година, па се досега се реализирани повеќе од 4.5 милиони единици.
Со оглед на квалитетот, инплементирањето на нови технологии и повторно совршен Тојотин стајлинг и ова поколение со право се очекува да го продолжи овој успех.Од Toyota велат дека новата генерација на RAV4 нуди нов дизајн на екстериерот и ентериерот, повеќе внатрешен простор, подобрена удобност и товарен волумен. Новата генерација на Toyota RAV4 е за 20 сантиметри подолга, за 3 cm поширокa и со 2.5 cm пониска од својот претходник, а обемот на багажниот простор е зголемен до импресивни 547 литри. Новата Toyota RAV4 ќе се нуди со избор меѓу три мотори, два бензински (145 и 180КЅ) и еден дизел (нов 2.2 D-4D со 150 коњски сили).Официјалната промоција на нашиот пазар е закажана за оваа недела.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.