Пристигна лимузинската верзија на Honda Civic

Во продажниот салон на Honda за македонскиот пазар, од неодамна во понуда е седан верзијата врз најпродаваниот модел на јапонскиот производител на сите времиња.

Кога дизајнерите на Honda ја креирале седан верзијата обрнале внимание на секоја карактеристика на возилото. Резултатот е импресивен, новата изведба се карактеризира со аеродинамичен дизајн, кој освен што ви обезбедува вистинско задоволство, ја подобрува и ефикасноста. Чистите атлетски линии и енергична силуета алудираат на неговите спортски можности, а пак фините детали во дизајнот го потврдуваат неговиот софистициран карактер. Освен, од она што е сосема очекувано, во задниот дел одредени дизајнерски зафати има и на предната маска, браникот и всмукувачот за воздухот, па не може да стане збор за премногу идентичен изглед во однос на хечбек верзијата.

432_civic-470

Новиот седан располага со 1.8 i-VTEC мотор специјално дизајниран да обезбеди доволно ефикасност и моќ. Моторот е во спрега со 5-брзински CVT автоматски или 6-брзински мануелен менувач. Од технолошките иновации ги одвојуваме интелегентниот мултинформационен дисплеј (i-MID), иновативните системи Есо Assist и ECON, со кои е постигната максимална ефикасност при потрошувачката на гориво и намалување на штетните емисии. Создадената од Honda Advanced Compatibility Engineering (ACE) структура на шасијата, ја апсорбира силата на ударот, штитејќи го возачот и патниците.

921_civic-470-2

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -