На денешното рочиште за „Таргет-Тврдина”, на прашањето на обвинителот Артан Ајро до сведокот Ѓоко Лазаревски – поранешен вработен инженер во МВР, да објасни што мисли со тоа дека „имало броеви кои се сензитивен таргет на следење на комуникациите“, Лазаревски одговори дека се следеле и телефоните на Влатко Мијалков и Александра Мијалкова – братот и сопругата на Сашо Мијалков, пренесува „Макфакс“.
На ова обвинетиот Сашо Мијалков реагирал со гестикулација – го погледнал сведокот и завртел со главата во знак на негирање, пренесува „СДК“.
Сведокот Лазаревски, заедно со Звонко Костовски, ја откри аферата „Таргет“ откако со години прибирале докази од нелегалното прислушување во УБК.