Скопје, 1 септември 2021 (МИА) – Во второто тримесечје од 2021 година се родиле 4.604 бебиња, што е 4% помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40.2 отсто и изнесува 7.496 лица. Од починатите, 13 биле доенчиња.
Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен и изнесува -2.892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140.8 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2.769 бракови. Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.