Природни законитости што не ги учат во школо

murphys-law-2a[1]

У школо има многу што да се научи, ама главните лекции ги учиш на најглупите можни начини. На пример, следниве природни закони:

1. Закон на автомеханиката: Во моментот кога ќе ги ушљакаш двете раце во моторно масло, носот почнува да те убива од чешање.

2. Закон на гравитацијата: Секој предмет – штрафче, коцка (кога играш јамб), кикирика – паѓа на земјата и запира на најтешко достапното место во собата, било да е под фрижидер, под шпорет или под кауч.

3. Закон на веројатноста: Веројатноста некој да те гледа е правопропорционален на големината на глупоста што ја правиш.

4. Закон на телекомуникацијата: Ако случајно свртиш погрешен број, линијата никогаш не е зафатена и секогаш некој ќе се јави.

5. Закон на кармата: Ако го излажеш шефот дека си задоцнил зашто ти се дупнала гумата, следното утро ќе ти се дупне гумата.

6. Закон на тела во движење: Ако се престроиш од бавна лента во онаа побрзата, онаа во која си возел претходно ќе почне да се движи побрзо од онаа во која си се престроил.

7. Закон на механика на флуиди: Кога едно тело е целосно потопено во вода, телефонот почнува да ѕвони и не престанува додека не се изгаси.

8. Закон на блиските средби: Веројатноста да сретнеш некој познаник значително се зголемува во ситуации кога постои некој со кого не сакаш да се видиш.

9. Закон на докажувањето: Кога се обидуваш некому да му докажеш дека и дефинитивно нешто не функционира, тогаш нештото во 100% од случаите проработува (особено важи за компјутерот, во моментот кога ќе стигне техничка поддршка).

10. Закон на биомеханиката: Колку повеќе те чеша, толку потешко го дофаќаш местото.

11а. Прв закон на театарот и киното: Луѓето кои купиле карта за во средина на редот секогаш пристигнуваат во последен момент, мораат да излегуваат по неколку пати во текот на претставата/филмот, било за да купат храна, за да одговорат на важен повик на телефонот или за да одат во тоалет. Обично си заминуваат додека настанот сé уште трае, и тоа на (за останатите) најинтересниот дел.

11б. Втор закон на театарот и киното: Луѓето чии места се на крајот на редот, никогаш не стануваат да купат нешто, не им ѕвони телефонот и не им се оди во ве-це. Обично имаат долги нозе (како на Питер Крауч) или огромни стомаци и не можеш да се разминеш со нив. Овие луѓе секогаш остануваат до самиот крај на настанот, а дури и подолго, и го блокираат редот сé додека истиот не се испразни од другата страна.

12. Закон на лезетот: Во моментот кога конечно ќе направиш кафе, некој ќе те викне, нешто ќе се случи, шефот ќе те замоли да свршиш некоја итна работа и слично. Што и да е дистракцијата, ќе трае токму онолку време колку што е потребно за кафето да се излади.

13. Закон на соблекувалната: Ако има само двајца во соблекувалната, шкафовите по правило им се еден до друг.

14. Закон на логичкиот аргумент: Успеваш да го убедиш другиот само во случаите кога немаш појма што зборуваш.

15. Закон на трговијата: Во моментов кога ќе најдеш модел на производ што навистина ти се допаѓа и ќе собереш пари да го купиш, престануваат да го произведуваат.

16. Закон на медицината: Кога си болен и ќе закажеш преглед кај матичниот, оздравуваш на пат кон амбулантата. Ако не тргнеш на лекар, ќе си продолжиш да бидеш болен.

17. Закон на јавните тоалети: Кога си единствениот во тоалетот и ќе влезе некој друг, по правило застанува да моча до тебе.

18. Закон на меѓусебната привлечност: Кога конечно ќе го надминете вистинскиот проблем и ќе дојде момент за секс, девојка ти почнува да се лути за глупости.

19. Закон на гостинскиот терен: Ептен ти се присерува само кога си на гости кај некој што не му работи казанчето.

20. Закон на акција и реакција: Те викаат на интервју за работа само ако веќе си нашол работа.

- Реклама -