Многу често, кога одиме на море, крај езеро или на планина, може да ни се случи да заработиме изгореници од сонце. Затоа е пригодно да ги знаеме и природните лекови за справување со незгодната и болна ситуација.
Природен лек број 1
На стерилна газа, нанесете масло од лаванда и ставете ја на проблематичната регија. На секој час повторувајте ја постапката. Се работи за природен антисептик, кој брзо ќе ве ослободи од незгодните изгореници.
Природен лек број 2
Три лажички суви цветови од кантарион, прелијте со 2 дл. маслиново масло. Ставете ги потоа во стаклен сад и оставете да одстои околу една седмица. Потоа тоа нанесувајте го на газа и лекувајте ги изгорениците. Ова е многу ефикасно средство, но бара предвремена подготвка, па затоа доколку планирате идната недела да заминете на одмор, веднаш започнете со припремање на овој моќен мелем.
Природен лек број 3
Од пченично брашно и вода направете тесто и нанесете го на повреденото место. Ова се користи за изгореници од помал степен.
Природен лек број 4
Во еден сад момешајте една чашка на обезмастено млеко и четири чашки вода. Во смесата додајте неколку коцки лед. Измешајте, ставете го на газа и директно на повреденосто место. Облогата нека стои 15 минути, а потоа направете пауза од еден час и повторете ја постапката.
Корисни совети:
- Меурчињата кои настанале поради изгореници на кожата никако не ги оштетувајте
- Доколку забележите печење и црвенило на кожата тогаш станува збор за изгореница, не го изложувајте местото повторно на сонце
- Секогаш користете висок фактор на заштита за сонце
- Особено висок фактор на заштита треба да користат луѓето со светла боја на кожата бидејќи кај нив се создава помалку меланин, а со тоа и намалена е заштитата
- Внимавајте на изложување на бемките на директна сончева светлина
- Не излегувајте директно на топло од климатизиран автомобил
Објавено во соработка со За Здравје.