Ова е рецепт за шампон кој спречува опаѓање на коса, поттикнува брз раст, го враќа сјајот на косата, волуменот и еластичноста. Проверен рецепт кој делува 100%
Косата е симбол на женственост и убавина, но за жал, поради често третирање на косата со хемиски средства (боење, ондулација), топлина (сушење, фенирање, израмнување), врзување и неадекватна нега, косата се крши, станува сува, ретка или оштетена.
Сите наведени фактори, со секојдневен стрес и промени во организмот предизвикуваат забрзано опаѓање на косата.
За да се ублажи губитокот на коса и да се придонесе за нејзина убавина, ви го препорачуваме овој шампон.
Едноставно се приготвува, а ефикасен е 100%. После неколку перења на косата ќе забележите дека помалку ќе опаѓа, ќе биде посилна и посјајна а само после еден-два месеци редовна употреба ќе забележите нови влакна и поголем волумен.
Потребни состојки:
-Шампон од коприва (обичен, литарски)
-Пантенол 100 мл (воден раствор)
-Капки од коприва 30 мл (едно шишенце)
-АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце)
-Рицинус масло 50 мл
-2 ампули витамин Б
*сите состојки се купуваат во аптека.
Постапка:
Во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло.
Промешајте.
Како делува овој шампон:
Верувале или не, овој шампон е вистинска витаминска бомба за вашата кожа на главата, а со самото тоа и за вашата коса.
Коприва:
Ја забрзува периферната циркулација и исхранетоста на кожата од главата и ги забрзува метаболитичките процеси во внатрешноста на епидермот. Со самото тоа, сите останати состојки од овој шампон побрзо и поквалитетно ќе се апсорбираат.
Пантенол:
Пантотенската киселина (витамин Б5) делува врз сочувувањето на правилната функција на кожата на главата и стимулација на нејзините регенеративни процеси.
Рицинисуво масло:
Ги јакне кутикулите на влакното. Богато е со витамин Е и рицинолеинска киселина. Витаминот Е е значаен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали и нивните штетни влијанија на кожата од главата и коренот на косата.
Рицинусот покрај регенеративните својства делува антифугицидно (уништува габички кои се одговорни за појава на првут).
На кожата од скалпот делува заштитно, смирувачки и закрепнувачки, додека со својата густа и леплива конзистенција ги отстранува изумрените клетки од кожата на главата а со тоа се спречува и затнување на фоликулите што би влијаело врз успорен раст.
АД капки:
Витаминот А делува на различни физиолошки функции во човековиот организам, она што е значајно за косата е неговото регенеративно дејство врз скалпот на главата, т.е. диференцијација на епителното ткиво.
Витамин Б комплекс:
Ја исхранува косата и ја враќа цврстината на влакното.
МОЕТО ИСКУСТВО СО ОВОЈ ШАМПОН:
Овој шампон го користам веќе три месеци и имам само позитивни коментари. Косата престана да ми опаѓа, сега е поздрава, поеластична и посјајна. Брзината на растот се удвои, а на допир косата ми е мека и нежна.
Шампонот има доста течна конзистенција, па потребно е добро да се протресе пред секоја употреба. Бидејќи е воденикав препорачувам прво да ја истурите во дланка потребната количина, а потоа да втриете добро во косата.
Откако ќе се запени, масирајте го темето неколку минути за да ја зголемите циркулацијата и реапсорпцијата на состојките, оставете малку да делува а потоа темелно исплакнете.
После тоа можете да нанесете некоја маска или регенератор за коса доколку ви е сува, а мене лично не ми е потребно. Доколку имате изразено сува коса, тогаш ставете половина шишенце од капките од коприва, бидејќи копривата може дополнително да ја исуши косата.
Ако имате изразено опаѓање на косата препорачувам да пиете чај од коприва, да го контролирате хормонскиот статус и крвната слика, бидејќи недостигот на железо може да доведе до опаѓање на косата.
Шампонот можете да го купите во било кој маркет, а останатите состојки во аптека.