Постојат намирници од кујната, што можат да најдат соодветна примена и кај бојата на косата.
Рецептите во продолжение не само што ќе ви помогнат да ја осветлите косата за неколку нијанси, туку ќе ја направат сјајна, мека и свиленкаста на допир.
Лимон
Лимонот е најпознатиот природен третман за осветлување на коста.
Рецептот: Измешајте свежо цеден лимонов сок со топла вода, во сооднос 1:1. Нанесете од мешавината на косата и оставете да дејствува 10-15 минути, а потоа исушете ја на сонце. Овој третман смее да се прави само еднаш во неделата.
Цимет
Освен лимонот за истата цел помага и циметот. Измешајте 3 лажици цимет и 4 лажици регенератор за коса, а потоа нанесете ја смесата на косата. Истата треба да дејствува 4 часа, а може да ја осветли косата и до три нијанси.
Камилица
Направете чај од камилица и оставете го да се олади. Измијте ја косата со чајот, а потоа нанесете регенератор кој не се мие, а во него додадете неколку лажици од чајот. Косата исушете ја на сонце, со цел камилицата побрзо да дејствува.