Доколку често патите од надуен стомак и гасови денеска за нашата рубрика „здравје“ ви подготвувме природен сок кој може да биде идеално решение за овој проблем.Потребни ви се:
Половина помал ананас
Половина глава, или две дршки од анасон
Две стебленца целер со лисја,
Едно парче корен од ѓумбир 2-3 см.
Сите состојки измешајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба за смесата да биде течна. Пијте на празен желудник додека тешкотиите не престанат. Доколку имате моќен соковник можете да исцедите и промешате сок од сите состојки и да го пиете на празен желудник додека цревната флора не се обнови.
Ананасот содржи ензими кои помагаат при варењето. Целерот го спречува задржувањето на водата. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обнова на цревната флора.
Сите заедно се комбинација која може да го реши вашиот проблем.