„Природата зборува” со гласовите на познатите  личности

„Јас немам потреба од луѓето, но луѓето имаат потреба од мене”, вели мајката земја со гласот на Џулија Робертс во видео од кампањата „Природата зборува” на Conservation International.

„Јас сум Океанот. Еднаш веќе ја прекрив оваа планета целосно, можам да го направам истото повторно”.

Тоа го вели Харисон Форд во еден краток филм од серијалот:

Кевин Спејси е саркастична дождовна шума:

„Луѓето се толку паметни, толку паметни! Такви големи мозоци, подвижни раце … Тие можат да прават огромни работи. Зошто им е потребна една стара гора како мене? Џунгла? Дрвја?” – прашува тој.

„Но и покрај се тие дишат воздух, а јас го правам воздухот.  Дали  помислиле на тоа? … Да видиме како луѓето прават воздух. Ова ќе биде забавно!”

„Јас сум Почвата. Без мене луѓето не можат да постојат”, вели Едвард Нортон.

Пенелопе Круз е водата.

„Јас сум нешто што луѓето го прифаќаат здраво за готово”, вели таа. „Но, јас сум само толку колку што сум, а тие се повеќе и повеќе секој нареден ден.”

„Дали ќе почнат да водат војни за мене, така како што прават за сè друго? Секогаш постои таа можност, но тоа не е единствена можност.”

Природата може да се справи и да продолжи без нас. Ние сме оние кои имаат потреба од неа.

- Реклама -