Неделава започна во вистински летен стил – со големи горештини. Летните температури дефинитивно не се најпријатно нешто, освен ако не сте на море. Високите температури не само што доведуваат да прекумерно потење, туку можат да доведат дури и до топлотен удар. Денеска ви нудиме увид во неколку лесни совети како да го зачувате здравјето.
1. Пијте многу вода
Да, тоа постојано го слушате, но е исклучително важно, кога температурата надминува 30 степени. При недостаток на доволно вода се заматува видот, можно е да се изгуби дури и свест. Топлотниот удар се добива кога ќе се заврши нашата вода во телото, затоа пијте минимум 2 литри на ден.
2. Топол чај или топла супа
Неслучајно во арапските земји, каде што е многу жешко, традиционално пијат чај. Тој доведува до потење, што природно го разладува организмот.
3. Во правилното време
Доколку имате таква можност, ограничете ја прошетката во најжешките часови – помеѓу 12 и 16 часот, кога сонцето е најсилно и опасно. Избегнувајте и напорни физички оптоварувања.
4. Соодветна облека
Оставете ја во гардероба темната и прилепена облека и извадете ги оние од природни материјали (најдобро памук и лен). Носете исто капа и задолжително носете очила за сонце.
5. Промени во секојдневното мени
Избегнувајте ја потрошувачката на тешки меса, и фокусирајте се на свежо овошје, зеленчук, јогурт и друга лесна храна.
6. Ладење
Можете периодично да го освежувате лицето со вода или да си правите облоги. Многу е важно, доколку користите климатизација, таа да не е поставена на многу ниска температура, бидејќи големата разлика со надворешната температура е штетна за организмот.