Кралската двојка избегала далеку од сите.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отишле на одмор во Шкотска, во замокот на кралицата Елизабета. Со себе го земале и својот 14-месечен син Џорџ, за да може семејството да ужива во заедничките моменти без никој да им смета.
Во април следната година се очекува нова принова, а во изминатите недели, Кејт страдаше од сериозни мачнини, па овој одмор е многу потребен на познатата дама, пишува E Online.
„Вилијам сакал на Кејт да ѝ даде одмор откако помина низ неколку тешки недели. Кралскиот пар вообичаено и порано патува за Балморал кога кралицата престојува таму“, рекол извор.
„И двајцата сакаат да поминат време во природа и се уште не е ладно, па ова е совршено време за патување. И одлично е што и малиот Џорџ е на возраст кога може да патува“, додал изворот.