Принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирус и има благи симптоми на болеста, „но останува во добра здравствена состојба“, порачаа портпаролот на британската кралска резиденција „Кларенс Хаус“ во Лондон.
„Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката се самоизолираа во Шкотска. Тестовите беа спроведени од страна на NHS во Абердиншир, каде тие ги исполнија критериумите потребни за тестирање. Не е можно да се утврди од кого принцот го фатил вирусот поради големиот број на ангажмани што ги имаше во последните неколку недели“, се вели од изјавата од „Кларенс Хаус“.
Портпаролот на „Кларенс Хаус“ истовреме нагласи дека и Војвотката од Корнвол бил тестирана на коронавирус, но нејзиниот резултат бил негативен.