На 15 септември принцот Хари ќе земе во свои раце 12, 5 милиони евра, како подарок од мајка му пред смртта.
Како што пренесуваат агенциите, помладиот принц ќе мора од тие пари да исплати 40 проценти данок.
Од тие пари помалдиот син на принцот Чарлс, ќе мора да исплати 40 проценти данок, односно нешто помалку доколку одлучи дел од таа сума да подари за хуманитарни цели.
Како што пренесе британскиот весник „Мирор“, извор близок до кралското семејство изјавил дека иако постојат големи разлики помеѓу обичните граѓани и синовите на Чарлс, кога е во прашање данокот тие потполно се рамноправни.
– Вилијам исто доби подарок и го плати данокот кога наполни 30 години и Хари така ќе постапи, вели изворот.