Принц ги тужи своите обожаватели и блогери, бара 22 милиони долари!

Светската ѕвезда Принц, поднел тужба против своите фанови, поради пиратерија. Во тужбата, која ја поднел во судот во северната област во Калифорнија, Принц бара 22 милиони долари.

Тој навел дека, без негово знаење и дозвола, линковите од неговите концерти завршиле на социјалните мрежи, но и на разни блогови.

Меѓу осомничените се наоѓаат 22 лица, од кои идентификувани се 20. Се верува дека се работи за обожаватели на пејачот, кои делови од неговите концерти ги објавиле на своите Фејсбук профили.

Прочитајте и:  Музичарите од Филхармонија и Националната опера и балет со концерт во Софија
- Реклама -