Принцезата Кејт не стигна да ја офарба косата?

Сопругата на принцот Вилијам, војвотката Кејт Мидлтон вчера се прошетала низ Лондон. Додека ги поздравувала граѓаните со насмевка на лицето, папараците си го направиле своето, па медиумите објавија фотографии за кои воопшто нема да и биде драго.

Имено, на фотографиите се гледа дел од нејзината коса кој не е обоен, а се гледаат и бели влакна. Наспроти тоа Британците својата принцеза ја сметаат за совршена.

„Преубава е, уште поубаво изгледа во живо“!, изјавил еден жител на Лондон за Дејли меил.

2