Принцезата Кејт го покажа стомачето

kate

Омилената трудница во Велика Британија, принцезата Кејт, вчера за првпат се појави во јавноста со видно заоблен труднички стомак.

Откако светот дозна за нејзината бременост, Кејт избегнуваше јавни настани поради екстремните утрински мачнини, но и поради одморот на Карибите. Иако италијанскиот магазин „Chi“ објави минатата недела фотографии на кои се гледа нејзиниот труднички стомак, поради силната цензура, јавноста дури вчера го виде стомачето на Кејт.

Војвотката од Кембриџ беше во посета на хуманитарно здружение во Лондон, а сите очи беа вперени во нејзиниот стомак.

- Реклама -