Приказните зад имињата на технолошките џинови

имињаДали некогаш сте се запрашале од каде потекнуваат имињата како Твитер, Јаху, Нинтендо? Компаниите имаат различни стратегии за бирање на сопственото име, но во светот на технологијата причините не се секогаш очигледни. Еве неколку вистински и интересни приказни зад изборот на некои компании.

Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнуваат имињата како Твитер, Јаху, Нинтендо? Компаниите имаат различни стратегии за бирање на сопственото име, но во светот на технологијата причините не се секогаш очигледни. Еве неколку вистински и интересни приказни зад изборот на некои компании.

имињаNintendo
Трите зборови “Nin”, “ten” и “do” преведени од јапонски значат „Правиме сè што можеме, најдобро што можеме и чекаме резултати“. Ова значи дека „Нинтендо“ не е само име, туку и мото на компанијата.

имињаApple
За името на компанијата на Стив Џобс нема официјална приказна, значи, слободно можете да изберете кое од следниве гласини ви звучи највозможно и најинтересно:
– Стив Џобс ги поминувал летата работејќи на фарма за јаболка во Калифорнија или Орегон. Со текот на времето тој почнал да ги цени јаболката.
– Стив Џобс бил луд по Битлси.
– Стив Џобс доцнел со изборот на име за компанијата и се заканил дека ќе ја нарече Apple Computers ако неговите колеги не му дадат подобар предлог.

имињаBlackBerry
И покрај тоа што некои се сигурни дека причина за името е фактот што копчињата потсетуваат на капина, тоа не е точно. Изборот на името BlackBerry бил маркетиншка одлука. Ова е официјалното објаснување:
„Сакавме име кое ќе биде различно, ќе се памти и ќе биде забавно, ќе работи на меѓународно ниво и ќе привлече секакви муштерии. Решивме да избереме познат збор за брендот наместо да бараме описен или измислен збор.“

имињаAdobe
Основачите на Adobe, Џон Варнок и Чак Гешке работеле за Xerox во доцните седумдесетти и раните осумдесетти. Во ова време живееле во Лос Алтос, Калифорнија, град низ кој поминува потокот Адоб.

имињаYahoo!
Основачите Дејвид Фило и Џери Јанг започнале со работа на проект кој подоцна станал Yahoo!, за нивната докторска дисертација на Универзитетот Стенфорд. Проектот оригинално се состоел од категоризирана листа на омилени линкови на интернетот и неговото оригинално име било “Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Модерното Yahoo всушност е кратенка, “Yet Another Hierarchical Officious Oracle.” Но, според компанијата, името било одбрано поради неговата значење во англискиот јазик: „груб, несофистициран, вулгарен“.

имињаTwitter
Името Twitter било избрано од шешир. Мала група на вработени во Odeo, кои го основале Твитер, се обидувале да најдат име кое ќе одговара со нивната замисла. Откако го стесниле изборот на само неколку опции (меѓу кои биле Jitter и Twitter), ги запишале на парчиња хартија, ги ставиле во шешир, и оставиле судбината да реши.

- Реклама -