Сте почувствувале ли некогаш љубов, толку силна, што можете да го замислите нејзиниот тек, од истиот миг, па до крајот на животот? „Приказни за август“ е приказна за љубовта, видена низ очите на еден просечен сонувач, онака како што може да се види само еднаш во животот…
„Можам да ви зборувам за техниките што ги користи Дејан при пишувањето. Можам да ви кажам дека станува збор за префинето писмо на еден школуван млад автор, кој ветува. Ама што фајде од тоа! Сето тоа се најобични баналности. Сето тоа е само обична форма во однос на она што во суштина претставува оваа книга. А тоа е – ЉУБОВ! Тоа е енергија рамна на онаа што се ослободува при изговарањето на најискрената молитва, кога двете дланки ќе се спојат некаде кај срцето и главата малку ќе се наведне, колку да ги допре показалците.“
Ѓоко Здравески
Книгата можете да ја најдете во сите поголеми книжарници во Скопје.
Добитници на „Ноќниот воз за Лисабон“ се:
1. Ана Томова
2. Магдалена Велевска
3. Боби Ристески