Приказната за Едип раскажана со зеленчук

Софокле и Есхил можеби се превртуваат во гробовите. Или пак, кој знае, можеби се насладуваат со ова бизарно первертирање на митот за Едип. Во осум минути, овој филм на Џејсон Вишнау од 2004 година сместува различни зеленчуци во главните улоги на краткиот анимиран филм за Едип.

Биле потребни две години работа за да се заврши овој проект, а на филмот работеле околу сто волонтери. На крајот, напорната работа се исплатела. Филмот учествувал на повеќе од 70 фестивали и постигнал значаен успех.

Подолу можете да го погледнете ова необично филмско-зеленчуково остварување на Вишнау, како и едно видео кое го прикажува процесот на правење на филмот.

- Реклама -