Приказната за еден подарок, кој се претворил во бизнис

Секоја година маркетинг агенцијата Leo Burnett создава специјален подарок за своите клиенти и партнери од индустријата, што излегува надвор од рамките на традиционалното.

Задачата е да се направи нешто корисно за најблиските соработници. И бидејќи Божиќ е време за семејството, кое секогаш вклучува и готвење, експертите од агенцијата создадоа неверојатен подарок – готварска престилка од тексас. Таа сепак не е само тоа. Врз престилката се испечатени сите важни правила за готвењето, како на пример, како се варат тестенини, како се избира вистинското месо и многу други корисни правила за почетници готвачи.

1

Престилката доаѓа во кутија слична на книга, и е наречена Cook without a book. Подарокот е подготвен во две форми – 200 престилки и 600 кујнски крпи, испратени директно до клиентите на Leo Burnett.

2

Тие предизвикале исклучителен одек и бран од иницијативи за слични престилки и крпи кои клиентите сакале да им ги подаруваат на своите роднини и пријатели. Така Cook without a book отвори нов бизнис, па сега агенцијата започна да се занимава и со оваа дејност.

3

Текстот е објавен во соработка со Via Marketing

- Реклама -