Приказната на живите скулптури

Повеќе... Можат да се видат насекаде во светот, на зафатените улици, во парковите или пред туристичките атракции: улични изведувачи кои позираат како статуи. Некои свиркаат кога ќе поминете покрај нив, а некои се помрднуваат кога ќе им фрлите паричка. На некои тоа им е професија, а други тоа го прават во слободно време. Меѓутоа да се биде жива скулптура не е лесно: покрај креативноста, потребна е и голема физичка и ментална сила.

Можат да се видат насекаде во светот, на зафатените улици, во парковите
или пред туристичките атракции: улични изведувачи кои позираат како
статуи. Некои свиркаат кога ќе поминете покрај нив, а некои се
помрднуваат кога ќе им фрлите паричка. На некои тоа им е професија, а
други тоа го прават во слободно време. Меѓутоа да се биде жива
скулптура не е лесно: покрај креативноста, потребна е и голема физичка
и ментална сила.

2759725900104237032s600x600q85.jpg

Живите статуи имаат долга историја зад себе, посебно во европската традиција на уличен театар. Повеќе одошто само што стојат неподвижни, тие изведуваат точки според свое сопствено сценарио. Повеќемината од нив сами си ги дизајнираат своите костими што одзема многу време и макотрпна работа.

2764060830104237032s600x600q85.jpg

 
Комунистичка жива статуа во Керала, Индија

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

2607216300104237032s600x600q85.jpg

Да се биде жива статуа не е за секого и бара голема физичка и ментална сила, да не спомнуваме и издржливост на секакви временски услови. Според изјавите на уличните изведувачи всушност е многу тешко да се издржи неподвижен долго време, борејќи се со нагонот кој не тера да се помрднеме. Понекогаш тоа може да заврши и во големи болки.

2052844720104237032s600x600q85.jpg

Некои од нив одат до екстремности. Antonia Santos, aka Staticman, е гинисов рекордер во стоење неподвижен 15 часа, 2 минути и 22 секунди во 1988-та. Тој е жива статуа од 1987-та кога почнал со своите точки во Барселона и сега може да се види низ цела Европа. Оттогаш тој го надминал сопствениот рекорд стоејќи неподвижен 20 часа во 2003-та.
 

Staticman на фестивал за живи статуи во 2008 во Португалија
2471003350104237032s600x600q85.jpg

Погледнете неколку неверојатни живи статуи од парковите и улиците на различни места во светот. Некои од нив толку изгледаат автентично што тешко е да се замисли дека се луѓе, а не скулптури. 

2875815910104237032s600x600q85.jpg
2172956540104237032s600x600q85.jpg 
2036958100104237032s600x600q85.jpg 
2956110300104237032s600x600q85.jpg 
2149579480104237032s600x600q85.jpg
2150241330104237032s600x600q85.jpg
2184146280104237032s600x600q85.jpg 
2490507380104237032s600x600q85.jpg
2532574520104237032s600x600q85.jpg
2698554970104237032s600x600q85.jpg

- Реклама -