Постои племе во Африка, каде датумот на раѓањето на детето не се смета од денот кога дошло на свет, ниту од моментот кога е зачнато, туку од денот кога детето било помисла во мајчиниот ум. И кога жената ќе одлучи да има дете, тогаш заминува и седи под дрво, сама и слуша додека не ја чуе песната на детето кое сака да дојде.
И откако ќе ја слушне песната на детето, му се враќа на мажот, кој ќе биде татко на детето и му ја пренесува со цел и тој да ја научи. Потоа кога водат љубов физички за да го зачнат детето, ја пеат и неговата песна, со цел да го повикаат.
Кога ќе забремени мајката ги учи на песната на детето бабиците и другите стари жени во селото, со цел кога ќе се роди тие да ја пеат песната за добредојде. Подоцна додека детето расте и другите селани ја учат неговата песна. Доколку детето падне или го повреди коленото, некој ќе го крене и ќе му ја испее песната. Или кога детето ќе направи нешто убаво или ќе мине низ обредите на пубертетот, луѓето во селото ја пеат неговата песна.
Доколку во кој било момент во текот на неговиот живот личноста направи некое злосторство или не се однесува согласно нормите на заедницата, го повикуваат во центарот на селото и сите луѓе од заедницата го опкружуваат и му ја пеат песната.
Племето сфаќа дека корекцијата на антисоцијалното однесување не е казна, туку љубов и потсетување на идентитетот. Кога ја препознавате својата сопствена песна, немате желба или потреба да сторите нешто што би ги повредило другите.
Не морате да пораснете во некое африканско племе, кое ќе ви ја пее вашата песна на вашите круцијални животни премини, бидејќи вашиот живот ве потсетува кога сте во хармонија со самите себе, а кога не сте.
Кога се чувствувате добро, тоа што го правите е во согласнот со вашата песна, кога се чувствувате ужасно не е. На крајот сите ќе ја препознаеме нашата песна и ќе ја пееме добро.
Можеби малку треперите во овој момент, но тоа им се случува и на најдобрите пејачи. Само продолжете да пеете и ќе го откриете патот за да се вратите дома.