Еден човек се вратил доцна од работа, како и секогаш уморен и нервозен, и видел дека на вратата го чека неговиот помлад син.
– Тате, може ли да те прашам нешто?
– Се разбира, кажи.
– Колку плата добиваш?
– Тоа не е твоја работа, – се налутил таткото – зошто ме прашуваш?
– Само сакам да знам, те молам, кажи ми, колку добиваш за час?
– Па, за час – 50о денари, од каде сега ова?
– Тате, можеш ли да ми позајмиш 300?
– Не може, ајде оди сега да спиеш.
Момченцето тивко поминало во својата соба и ја затворило вратата. Таткото продолжил да се лути на молбата на синот. Како смее да го прашува за платата, а потоа да му побара пари. По некое време се смирил и почнал да расудува трезвено. Можеби всушност му требаат за да купи нешто важно.
Кога влегол во детската соба, неговиот син веќе си бил во кревет.
– Не спиеш ли, синко? – прашал тој.
– Не тато, буден сум – одговорило детето.
– Ми се чини бев премногу груб со тебе. Еве, земи ги парите.
Детето седнало на креветот и се насмевнало.
– Tате, ти благодарам! – Радосно рекол тој. Потоа ги ставил под перницата, заедно со уште неколку гужвани пари.
Гледајќи дека малиот има уште пари, таткото повторно се налутил, а детето ги собрало истите, внимателно ги преброило и погледнало кон својот татко.
– Зошто ме молиш за пари, кога веќе имаш? – прашал таткото.
– Тато, сега имам 500 денари. Може ли да се купам малку од твоето време? Те молам дојди си утре порано дома. Сакам да вечераме заедно.