Јажето околу нозете

Еден човек минувал покрај  циркус кога здогледал  два слона врзани со едно јаже за едната нога. Застанал и размислувал: Како овие толку големи животни можат да бидат врзани само со едно мало јаже на предната нога?

Немало синџири, немало кафези… само јаже кое, помислил, можат  да го скинат во секое време ако се обидат да побегнат.

Но, од некоја причина тие никогаш не се обиделе да го направат тоа.

По некое време го  забележал  тренерот на слоновите, па тргнал да го праша зошто тие големи животни стојат тука и не се обидуваат да побегнат?

Тренерот му рекол:

„Сега ќе ви одговорам. Кога слоновите беа млади и многу помали од она што се денес, ние го користевме истото јаже со иста големина за да ги врземе и тие не можеа да го скинат, бидејќи беа навистина мали. Откако пораснаа сè повеќе се навикнуваа на фактот дека не можат да побегнат. Веруваа дека јажето сè уште може да ги задржи и затоа не се обидуваат повеќе да побегнат.“

- Реклама -