Приказна која го обиколи светот: За 5 години родила четири деца во три бремености

Нејзината приказна го обиколи светот, па од малку позната дизајнерка и блогерка стана инспирација за жените ширум светот.
Џоана Вендити за време и по својата бременост водела личен блог „Nesting Story“ и многу брзо станала вистински вирален интернет хит.

10386814_766062436819236_3319813747991652239_n

Во пет години таа родила четири деца по три бремености. Искрено зборува за промените на своето тело, особено откако на свет донела близнаци. Канаѓанката почнала да ја пишува својата приказна со цел да инспирира други жени, а и да се заблагодари на своето тело што на свет ги донесе нејзините деца. Таа промена ја натерала да го почитува своето тело за прв пат во животот.

„По раѓањето ми останаа модрици, потечени зглобови и болен период на опоравување на царскиот рез“, рекла Џоана и додала: „Тагував за своето тело. Се чувствував многу лошо поради состојбата во која се наоѓа моето тело, а во исто време бев толку благодарна за тоа што моето тело го создаде- две човечки животи“, раскажува блогерката која тешко, но на крајот успешно ја поминала бременоста со близнаците.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

collage

„Денес повеќе не сум толку строга кон своето тело“, напишала Џоана и со тоа ги инспирира жените од целиот свет кои ѝ испратиле подршка, како и писма со благодарност за нејзината искреност.

- Реклама -