Пријавена тепачка на ученици од ЈБТ

Двајца ученици се степале во средното училиште „Јосип Броз Тито“, а настрадал и 17-годишникот кој се обидел да ги раздели.

Случајот е потврден од страна на МВР и е внесен во Дневниот билтен:

На 08.11.2017 околу 14,00 часот од страна на полициски службеници на ПС Центар констатирано е нарушување на јавен ред и мир од страна на две лица А.Х. (17) и К.А. (18) кои што во Средното училиште „Јосип Броз Тито“ по претходна вербална расправа се степале разменувајќи си по неколку удари во пределот на главата и телото, со што се здобиле со телесни повреди во вид на модринки и црвенило. Од страна на полициски службеници сочинети се два записника за констатиран прекршок по член 11 од ЗПП ЈР. Во врска со истиот настан примени се и две дополнителни пријави. Првата од страна на К.А. (18) кој пријавил дека околу 13,30 часот физички бил нападнат од Б.Х. (49) (родител на А.Х.), кој откако видел дека неговиот син А.Х. физички се пресметува, почнал со тупанци да го удира К.А. нанесувајќи му повреди по главата. Втората пријава е од Е.И. (38) која пријавила дека нејзиниот син К.И. (17) кој се обидел да ги раздвои А.Х. и К.А. физички бил нападнат од Б.Х. (49) со неколку удари по главата. Се работи на расчистување и на овие пријави.

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
- Реклама -