Пријавен напад од основец врз соученик во училиште во Гостивар

СВР Тетово информира дека вчера (23 септември), во 16:35 часот, во ОВР Гостивар, З.Д. (51) од Гостивар пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик за време на големиот одмор во основното училиште каде што учел.

Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.

Извор