Рускиот архитект Денис Красиков дизајнирал стан во Мурманск со индустриски елементи, кој најмногу импресионира со визуелниот ефект кој го постигнува од контрастот меѓу сивиот мебел и белите ѕидови .
Чувството за индустриалност доаѓа и од високите тавани и големите прозорци.
Цитатите кои се „расфрлани“ низ целиот стан даваат чувство на смиреност, а креативниот доем се постигнува благодарение на теглите -лампи што висат од таванот на спалната соба.
Бањата е единствената просторија во која има друга боја, поразлична од неутралниот бело-сив спектар .