Четири парови кои се најдобри пријатели веќе 20 години, барале начин да живеат блиску едни до други и до природата.
Затоа тие собирале пари и решиле да изградат едно мало гратче само за нив, пишува Bored Panda.
Така се раѓа Llano Exit Strategy – населба од четири мали куќи, лоцирана покрај реката Лано во периферијата на градот Остин, Тексас.
Секоја од куќите чини околу 40 000 долари, а дизајнот што е дело на архитектот Мет Гарсија, е со цел да бидат максимално отпорни и прилагодени на природата.
На нивните покриви има буриња, кои можат да соберат големо количество дождовна вода, а некои од ѕидовите се огледални, за да ја спречуваат несаканата топлина за време на топлото лето.
Прозорците се изолирани, а внатрешноста е од иверица што ги сведува трошоците на минимум.
Пријателите се собираат таму колку што можат почесто и планираат еден ден да го поминат залезот на својот живот во ова топло гратче.