Пригожин го запре походот на „Вагнер“ кон Москва и нареди повлекување во базите

Евгениј Пригожин, шеф на приватните руски воени сили Вагнер денеска изјави дека им наредил на своите платеници да го прекинат маршот кон Москва и да се повлечат во своите теренски кампови во Украина за да избегнат пролевање на руска крв.

Најавата на Евгениј Пригожин ја деескалира кризата што претставуваше најзначаен предизвик за лидерството на претседателот Владимир Путин во неговото повеќе од дваесетгодишно владеење.

Москва се подготви за пристигнување на приватна армија предводена од незадоволниот командант со подигање контролни пунктови со оклопни возила и војници на нејзиниот јужен раб. Црвениот плоштад беше затворен, а градоначалникот ги повика возачите да се држат надвор од некои патишта.

Пригожин рече дека додека неговите луѓе биле на само 200 километри од Москва, кога тој одлучил да ги врати назад за да избегне „пролевање руска крв“.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

Во објавената аудио порака тој не кажа дали Москва одговорила на неговото барање за смена на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Засега нема коментар од Кремљ.

Објавата уследи по соопштението од кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко во кое се вели дека тој преговарал со Пригожин откако разговарал за ова прашање со Путин. Пригожин се согласил да го запре напредокот во предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на Вагнер, соопшти кабинетот на Лукашенко. Тој не даде детали за договорот.

Путин претходно се закани со тешки последици за организаторите на вооружениот бунт предводен од неговиот некогашен штитеник, кој ги изведе неговите сили од Украина, зазеде клучен воен објект во јужна Русија и напредуваше кон Москва.

Во телевизискиот говор до нацијата, Путин го нарече бунтот „предавство“.

МИА

- Реклама -