Сакате да живеете долго? Ќе ви помогне ако сте жена! Тие во просек живеат пет до 10 години подолго од мажите. А ова се причините поради кои мажите умираат помлади:
1.Поврзаност со криминал – животот на вистинската страна на законот ќе ги зголеми шансите за долговечност.
2. Поголемо тело – лицата повисоки од 183 см живеат пократко од пониските мажи.
3. Поголема чувстителност на болести – правилото дека жените живеат подолго е присутно во сите култури, па веројатно станува збор за биолошките ефекти.
4. Срцеви болести – повисокото ниво на естрогени ги штити жените од срцеви болести десет до 15 години подолго од мажите.
5. Ризични животни навики – пушењето, исхраната и алкохолот се пороци на кои помалку внимаваат мажите.
6. Негата и благосостојбата не се машки улоги – традиционалната улога на жената како таа што се грижи за благосостојбата на семејството придонесува за нејзината благосостојба.
7. Побрз метаболизам – тоа е како автомобилот да се движи 90 км на час наспроти 40 км на час. На поголема брзина нема далеку да стигнете со ист резервоар. Мажите побрзо го трошат своето гориво.
8. Ризични професии – американските статистики покажуваат дека најризични професии се пилот, рибар и дрвосечач, во кои преовладуваат мажите.