Изневерена сопруга го исекла пенисот на својот сопруг ДВА ПАТИ

Ултимативниот чин на одмазда…
Една жена од Кина е уапсена за предизвикување на тешки телесни повреди, откако таа на својот маж кој ја изневерил му го отсекла пенисот не еднаш, туки два пати!

Првиот од двата страшни напади се случил кога Фенг Ланг (30), открила дека нејзиниот сопруг Фан (32) ја изневерувал со Џанг Хунг (21), по наоѓањето на серија пораки на нејзиниот телефон кој сопругот ги праќал на младата девојка.

По читањето на вулгарните пораки, огорчената Фенг се упатила во спалната соба во која спиел нејзиниот сопруг, и наводно, одлучила да го разбуди на малку невообичаен начин… со отсекување на пенисот!

Иако деталите од она што се случило пороа се малку нејасни, Фан некако успеал да отиде во болница, придружуван со неговата сопруга. Збунетиот болнички персонал ја затекнала двојката во физичка расправија, и ги одвеле во болницата за да ги третираат нивните рани.

Сепак, тешкото измачување на неверниот сопруг било далеку од завршено, бидејќи неговата сопруга чекала докторите да го зашијат неговиот пенис пред да го отсече уште еднаш, овој пат флајќи го низ прозорецот од болницата, осигурувајќи се дека ќе остане без истиот.

Тогаш работите станале навистина мрачни за Фан, и покрај тоа што болничкио персонал истрчал веднаш надвор, неговиот пресечен пенис не можел да биде пронајден. Официјални лица шпекулирале дека можно е да бил однесен од улични животни.

Еден официјален портпарол на болницата го потврдил бизарниот инцидент, и ја опишал физичката состојба на сопругот како „стабилна“.

„Човекот има изгубено многу крв и е однесен на итна операција. Тој сега е во стабилна состојба, но е екстремно емоционално вознемирен“.

На светлата страна, иако Фан трагично ја изгубил својата машкост… два пати, неговата 21-годишна љубовница ветила дека ќе остане со него, велејќи дека „не е важно“ што тој сега нема повеќе пенис.

- Реклама -