Ако бевте од оние деца што ги кршеа играчките за да видат што има внатре, ова е за вас. Кент Роговски, фотограф и уметник од Бруклин реши да распара неколку слатки плишани играчки и да ги преврти со внатрешноста нанадвор.
И така, слатките насмеани лица се претворија во унакажани лузни од залутани крпеници, копчиња и жици. Детството уништено, а плишаното другарче со кого спиевте за да ве чува од кошмари – станува кошмар.