Жени џогираат топлес и свиркаат по мажите што поминуваат во близина…
Се работи за кратко видео, во режија на Елеонор Пурија, премиерно прикажанo во 2010-та година. Но, дури сега видеото ја достигнува својата популарност, и тоа голема. Во текот на минатата недела, зад хаштагот #safedanslarue, на Твитер беше актуелна состојбата на жените во Франција. Твитер како Твитер, меѓу одговорите се појави и краткометражниот „Oppressed Majority“, кој за само 5 дена доби повеќе од 500.000 прегледи.
Филмчето ни дава можност да видиме како би изгледал светот, кога мажите и жените би си ги смениле улогите, и кога стереотипите што важат за едниот пол ги би наследил спротивниот. Резултатот, во најмала рака – треба да се види.