Денес е прилично едноставно да и кажете на саканата личност во друг град или држава дека ви недостасува. На располагање ви се скајп, вибер, социјалните мрежи…
Сите сме среќни што постојат видео повици. Сепак, пред само неколку години не ни можевме да замислиме слична живеачка – осудени на писма и скапи телефонски разговори.
Така ова, неодамна пронајдено писмо покажува како една жена се снашла и на сопругот му соопштила се што тој сакал да слушне, иако не знаела да пишува.
Писмото и припаѓало на една жена од Катанија, мајка на три деца, чиј што сопруг работел во Германија.
Италијанскиот писател Џезулдо Буфалино „го преведе“ емотивното и сликовито писмо.
Еве го неговото значење:
„ Љубов моја. Моето срце е измачено бидејќи мислам на тебе кој што си далеку. Ги ширам рацете, заедно со нашите три деца. Сите сме здрави и јас и двете постари деца, додека најмалото е само малку настинато. Не ми одговори на претходното писмо што ти го испратив, тажна сум поради тоа. Твојата мајка е во болница, бев да ја посетам. Не грижи се, не заминав со празни раце, нути пак сама, за да не им дадам материјал за озборувања. Нашиот среден син појде со мене, додека најстариот го чуваше помалиот.
Нашето мало поле го изорав и посеав. На работниците им дадов 150.000 лири. Се оддржаа централните градски избори, гласав за Христијанската демократска партија, како што предложи црквата. За „Срп и чекан“ поразот беше голем, се однесуваа како да се мртви. Но, кој и да победеше исто е. За нас сиромашните ништо не се менува – вчера копавме и повторно ќе копаме утре. Ќе обереме многу маслинки оваа година од нашето дрво. Мажот и двете момчиња што ги изнајмив, едниот да бере, другиот да ги собира маслинките од земја, ме чинеа 27.000 лири. Потрошив 12.000 лири за цедилка.
Добив долволно масло да наполнам една голема и една мала тегла. Може да ги продадам по моменталната цена од 1.300 лири за литар. Моја далечна љубов, срцето ми е со тебе. Прими поздрав од мене и нашите деца.
Збогум, драг мој. Моето срце твое и верна сум ти, поврзана со тебе баш како и нашите прстени.“