Преубави хотели ширум светот

хотелиПо напорната работна година, време е да одите на одмор. А кога веќе одите да се релаксирате, зашто не го направите тоа со стил и не отседнете во овие прекрасни хотели? Се работи за хотели кои претставуваат чудо на архитектурата, дизајнот и уметноста.


По напорната работна година, време е да одите на одмор. А кога веќе одите да се релаксирате, зашто не го направите тоа со стил и не отседнете во овие прекрасни хотели? Се работи за хотели кои претставуваат чудо на архитектурата, дизајнот и уметноста.

Мандарин во Барселона
mandarin1
mandarin2
mandarin3
mandarin4

Хотелот Mandarin Oriental е елегантен хотел од 20 век, опремен со високо стилски интериер од шпанската дизајнерка Патриша Уркола.

Фуџија Гинзан во Токио
fujiya1
fujiya2
fujiya3

Fujiya Inn е место каде што можете да се одморите и да избегате од стресот. Дизајниран е во едноставна и минималистичка тематика, која може да се види по чистите линии на собите, дрвениот под, ѕидови од бамбус и рачно изработена јапонска хартија која може да се види на речиси секој ѕид.

Долдер Гранд во Цирих
dolder1
dolder2
dolder3
dolder4

Dolder Grand хотелот е хотел од 5 звездички. Изграден е во 1899 и е на површина од преку 40000 м2. Овој хотел нуди 173 соби и апартмани, два ресторана, бар, 13 конференциски соби и бања од 4000 м2.

Анделс во Лоџ
andels1
andels2
andels3

Andels хотелот е дизајниран од страна на дизајнерското дуо Џестико и Вајлс. Најпрепознатлив детаљ на овој хотел е фасадата од црвени цигли, која се одвојува од денешната модерна архитектура.

Вилите Алила во Бали
alila1
alila2
alila3
alila4

Вилите Alila се вистински рај, опремен со многу стил и луксуз. Тие се поставени така што вие ќе имате совршена глетка на океанот. Играта помеѓу оганот и водата е дел од архиктетурата, која придонесува за одлично расположение.

Бурџ ал Араб во Дубаи
burj1
burj2
burj3

Овој легендарен хотел е еден од најфотографираните во светот и постојано е изгласуван за најлуксузен хотел во светот. Дизајниран е да изгледа како брановидно едро, а на врвот на тоа „едро“ се наоѓа тениско игралиште, каде што се одигра егзебицискиот меч помеѓу Андре Агаси и Рожер Федерер, меѓу другите.

Ариау Тауерс во Бразил
ariau1
ariau2

Ако сакате да избегате во природната убавина и дивината на амазонските дождовни шуми – ова е хотелот за вас. Се наоѓа над реката Амазон и е единствен хотел кој е изграден врз нивото на дрвата во џунглата.

Пуерта Америка во Шпанија
puerta1
puerta2
puerta3
puerta4

Puerta America е место каде што се среќаваат различните култури. Изграден врз идејата за слобода и претставува архитектонска и дизајнерска уметност. Хотелот има 5 звездички и е сѐ, само не обичен.
- Реклама -