Новата компанија за рекламирање, Adzookie, на Американците им понуди отплаќање на ратите од хипотеките, доколку ги отстапат фасадите од своите домови за претворање во огромни билборди.
Компанијата на заинтересираните им понудила отплаќање на месечните рати од хипотеките, сѐ додека фасадите им останат бојосани со нивните реклами. Ваквата понуда била објавена на официјалната интернет страница на компанијата и по само неколку часа, веќе имало илјада пријавени кандидати, од кои и една црква.
Секоја куќа мора да остане онаква каква што ќе ја бојосаат од компанијата барем три месеци, а договорот може да биде продолжен и до една година. Ваквиот одзив на граѓаните на САД не бил очекуван, иако лошата економска состојба била земена предвид. Всушност, малата компанија има буџет од само 100 илјади долари за проектот, а пресметките велат оти само бојосувањето на една просечна куќа би чинело околу 8 илјади долари.
До сега, ниту една куќа не е претворена во билборд, бидејќи сѐ уште трае процесот на избор и склучување договори. [Turn your house into a billboard, get free mortgage]