Претставничкиот дом на САД следната недела ќе гласа за импичмент на Џо Бајден

Претставничкиот дом на САД следната недела ќе гласа за официјален почеток на постапката за импичмент на претседателот Џо Бајден, соопшти денеска претседавачот Мајк Џонсон, додавајќи дека републиканците „немаат избор“.

Џонсон и остатокот од републиканското раководство во последниве недели размислуваа дали да одржат формално гласање за нивната повеќемесечна истрага против претседателот, која се фокусираше на деловните зделки на други членови на семејството на американскиот претседател.

Нивната досегашна истрага допрва треба да даде директен доказ дека самиот Бајден направил нешто незаконско.

Додека некои републиканци се претпазливи во врска со гласањето за импичмент, Џонсон рече дека Домот треба да ги искористи своите овластувања „во најголема мера“ во услови на конфликт со Белата куќа околу барањата за информации за Бајден и неговиот син Хантер.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин

Белата куќа постојано ја отфрла истрагата како „неоснована“, која всушност била со цел да го смири десното крило на Републиканците.

Републиканците долго време изјавуваа дека гласање за истрагата за импичмент е непотребно, но почнаа да се предомислуваат кога адвокатите на Белата куќа го искористија недостигот на формално овластувања на Домот за да тврдат дека целата истрага нема „уставен легитимитет“.

Републиканците имаат тесно мнозинство од 221-213 во Долниот дом.

За да помине гласањето за истрагата за импичмент, речиси сите републиканци во Претставничкиот дом ќе треба да гласаат за отповикување.

Демократите, од своја страна, тврдат дека тоа е фарса што ја користат републиканците за да го одвлечат вниманието од поранешниот претседател Доналд Трамп и неговите правни проблеми.

МИА

- Реклама -