Претставен евтин BlackBerry Q5 со QWERTY тастатура

Како што се очекуваше, објавен е новиот BlackBerry смартфон, кој е прилагоден за потребите на потрошувачите со понизок буџет. BlackBerry Q5 е елегантен телефон со достапна цена, разнобоен со QWERTY тастатура сместена под неговиот екран.

Сега за сега, познати се многу малку деталите во врска со хардверот на BlackBerry Q5. Се знае дека новиот уред има екран на допир од 3.1 инч, како и тоа дека има добра главна камера.

Q5

BlackBerry Q5 ќе биде достапен летово во одредени пазари низ Европа, Азија, Јужна Америка и Блискиот Исток. Очекуваме да го видиме во четири различни бои – црна, бела, црвена и розова. Цената сеуште не се открива, но претпоставуваме дека BlackBerry Q5 ќе биде значително поевтин од смартфоните Z10 и Q10.

blackberry-q5-8

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -