Претседателски избори или „втор референдум“?

Александар Кржаловски од МЦМС вели дека на изборот на проф. Силјановска може да се гледа и како на сведување на претседателската трка на гласање ‘за или против’ потврдувањето на поддршката на Преспанскиот договор.

И покрај фактот што Гордана Силјановска Давкова беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со 408 гласови од вкупно 519 делегати, реакциите на социјалните мрежи меѓу опозициското членство откриваат големо незадоволство од епилогот на завчерашната партиска Конвенција во Струга.

Ивица Коневски, преку Фејсбук статус му порача на Христијан Мицкоски дека за изборен успех е потребно обединување и посветеност на многубројното членство.

„Многу пати досега ти укажав дека мора да покажеш конструктивност и да го обединиш членството, затоа што тоа е неопходно за ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот успех на претстојните претседателски избори. А, доколку партијата загуби, ти како актуелен претседател ќе мораш да понесеш одговорност“, напиша Коневски, потсетувајќи го дека Груевски си поднел оставка од лидерската позиција по поразот на локалните избори во 2017 година.

Незадоволството на членството најмногу е насочено кон фактот што Силјановска е поранешна министерка во Владата на Бранко Црвенковски, а сега е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Се чини дека делегатите го избраа најдобриот од деветте пријавени кандидати“, вели Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), но сепак, признава дека неговата прогноза била поинаква.

- Реклама -