И претседателот на СДСМ Гостивар – Зоран Ангелов, од пред некој ден е вработен во државната ЕЛЕМ. Вработен е во ХЕЦ „Маврово“, како инженер за машинско одржување, на неопределено време. Од ЕЛЕМ ја потврдуваат информацијата. Повеќе на „ТВ 24“.
Како што објавија медиумите, од неодамна во ЕЛЕМ е вработен и таткото на сопругата на пратеникот и генерален секретар на СДСМ – Александар Кирацовски. Поточно, вработен е во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, која е под капата на АД ЕЛЕМ. Повеќе на „Слободен печат“.
Во АД ЕЛЕМ се вработени и синот и братот на Мира Стојчевска, ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми и синот на Мирослав Грчев, а како тргнало, можеби и многу други.
(ФОТО) ДРУШТВА НА АД Електрани на Македонија: