Претседателот на Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата во Солун

Во рамки на Солунскиот саем на книгата, кој почнува денеска и ќе се трае до недела, ќе се одржи панел-дискусија на тема „Меѓународниот пазар на книги: балканските земји“.

На покана на Грчката фондација за култура, учество на панелот ќе земе и претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов.

Бојан Саздов, претседател на МАИ

Координатор на дискусијата ќе биде Јанис Краниас, потпретседател на Грчката федерација на издавачи и книжари, а во неа ќе учествуваат и претставници на издавачките сектори од Албанија, Романија и Бугарија.

Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки, вели Бојан Саздов претседателот на МАИ.

Панел-дискусијата ќе се одржи денеска, како дел од Меѓународната професионална програма на Саемот на книгата во Солун.

- Реклама -