Американскиот претседател Џо Бајден имаше мала незгода качувајќи се во претседателскиот авион Air Force One, непосредно пред полетувањето за Атланта, каде што замина на средба со претставниците на азиската заедница, по нападите на салони за масажа во вторникот.
78-годишниот претседател со прилично брзо темпо тргна нагоре по скалите, но тогаш возраста и гравитацијата го направија своето. При првото слизнување Бајден само за кратко го изгуби балансот и успеа да се задржи со раката, но веднаш потоа промаши уште една скала. Веќе на третата промашена, Бајден беше на колена.
За волја на вистината, американскиот претседател и по падот брзо се стабилизира, ја подзачисти ногавицата и продолжи по скалите, а на влез во авионот отпоздрави како ништо да не се случило.