Претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија, во отворено писмо, ги повикаа земјите членки на ЕУ веднаш да ѝ одобрат на Украина статус на ЕУ кандидат и да започнат преговори за членство на земјата во ЕУ.
„Ние, претседателите на ЕУ Членките: Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија, силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристапување во ЕУ“, се вели во писмото, пренесува Ројтерс.